Паровите кои го СЛЕДАТ ОВА ПРАВИЛО ќе останат во среќен брак засекогаш!

24 април, 20220
866029067626148f3e1628390536160_640

Со векови луѓето бараат објаснување за љубовта и разни начини како таа љубов кон партнерот да трае вечно. Одговорот е прилично едноставен.

Фазата на меден месец и слаткото чувство на љубов ќе трае со еден мал, но важен чекор, а тоа е = понекогаш сами да одите на љубовни состаноци и секогаш на овој начин да поминувате време само за себе.

Значи, ако сте родител, за вашите деца може да се погрижат вашите родители, блиски пријатели или дадилка. Ако не сте, организацијата би требало да биде уште полесна. Кога ќе одвоите малку време исклучиво за себе и за партнерот, ќе ја обновите љубовта што ја негувате и ќе се потсетите зошто сте заедно и што ве прави среќни.

Веројатно знаете дека се сакате, но самото знаење не е доволно. Понекогаш е потребно да се оддалечите од секојдневието и стресот, и да се фокусирате само на вашата врска. Ова ќе ви даде можност да се опуштите, но и да ја зацврстите врската. Сето ова може да се сведе на бројот два, што е и симбол на единство. Поточно, станува збор за правилото 2-2-2, според еден корисник на Редит.

Според психотерапевтите и сексолозите, еднаш во две недели треба да одите на љубовен состанок или да патувате за викенд. Само затоа што сте долго време заедно не значи дека треба да престанете да го практикувате ова. И кога бевте само на почетокот на љубовната врска, работите беа помалку стресни отколку сега, нели?

И ако одвреме-навреме излегувате, ќе ви се врати чувството на возбуда, а без разлика за какво излегување станува збор, важно е да го поминувате времето заедно. Дополнително, тоа ќе биде начин да ги реализирате чувствата на среќа и љубов што ги чувствувате. И дури и ако врската е во неволја, состаноците би можеле да ви помогнат, пренесува „miss7.24sata.hr“.

Сетете се што ве споило и како се заљубивте и зошто, а бидејќи љубовта надминува сè, лесно ќе се видите дека ако сеуште ја има доволно, нема само да исчезне ако се негува. Важно е само двете страни да сакаат да ја негуваат љубовта и да ја покажуваат јасно.

Можеби нема да можете да ги решите сите проблеми, но убаво е да знаете дека некој навистина се труди и сака да одржи подобар однос со вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma