Патики и фустан, идеална комбинација за секој ден: Практично, модерно и удобно

12 јуни, 20220
devojka-moda-haljina-patike-kais-830x0 (1)

Патиките одамна не се резервирани за тренинзи и прошетки во парк, бидејќи веќе неколку сезони ги носиме на начини кои порано беа „неспоиви“.

Освен патиките, она што особено го сакаме се дефинитивно фустаните. Тие се, како што знаете, најдоброто парче облека за брзо постигнување на елегантен и женствен стајлинг.

Најдобар начин да ги балансирате модата и спортската елеганција е комбинацијата на патики и фустан, а ние за вас ги одбравме четирите највпечатливи стајлинзи кои можат да послужат како инспирација.

1. Патики и фустан во бело

Освен што одлично се комбинираат со панталони и фармерки, белите рамни патики, без разлика дали се кожени или платнени, одлично ќе се комбинираат и со фустани и здолништа.
Ќе добиете максимална удобност, но и софистицираност.

2. Спортска елеганција

Оваа комбинација е апсолутен хит бидејќи ќе ви даде модерен изглед, прилагодлив на различни секојдневни ситуации, но и секогаш очекувана удобност кога станува збор за патиките.

3. Деловен стајлинг

Комбинацијата која до пред само неколку години беше целосно модно промашување, сега е еден од главните водечки трендови.

4. Лелеаво и модерно

Ако сакате да ги следите трендовите, сигурно сте забележале дека долгите, лелеави и удобни фустани се голем хит. Најдобро од сè е што ви требаат 10 секунди за да ја дизајнирате вашата облека, а сепак ќе изгледате како да сте дошле од модната писта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma