Патување за задоволство: Градови во кои ќе ја јадете НАЈДОБРАТА ПИЦА НА СВЕТОТ

22 септември, 20220
62042537-pizza

Тоа е јадење што сите го сакаме, но дали е најдобро да се јаде во Италија? Иако веројатно најпопуларното јадење на планетата е создадено на „чизмата“, според написот објавен на timeout.com, пици со врвен квалитет можете да јадете во многу делови од светот.

Некои Италијанци можеби не се согласуваат, но ќе јадете добра пица во многу други земји надвор од Италија. Всушност, пицериите ширум светот, од Бангкок до Сао Паоло, покажуваат дека вкусната пица нема граници.

Не верувате? Погледнете го најновото рангирање на најдобрите пицерии во светот избрано од врвни познавачи на пица на веб-страницата 50 Top Pizza. Првото место на овогодинешната листа заеднички го поделија „Una Pizza Napoletana“ во Њујорк и „I Masanielli“ во Касерта, град во близина на Неапол. Сепак, останатите значително се разликуваа и меѓу првите 100 беа пицериите од Каиро, Хелсинки, Окланд, Пекинг…

Но, кој е најдобриот град за уживање во пица во светот? Ако како критериум ги издвоиме 100-те најдобри пицерии од листата, првото место на градот со најмногу пица го делат Њујорк и Рим, а двата града се претставени со по пет ресторани.

По нив следуваат Неапол, но и Лондон и Токио, чии пицерии се во ТОП 50, претставени четири пати. Меѓутоа, во родниот град на пицата, Неапол, во ТОП 10 се и сите четири пицерии кои се во топ 50, нешто со што не може да се пофали ниту еден град.

Третото место, со по три пицерии на листата на 100 најдобри, го делат 6 градови – Касерта, Париз, Милано, Копенхаген, Хонг Конг и Сао Паоло.

Во секој случај, доколку посетите некоја од 100-те наведени пицерии, слободно контактирајте не со рецензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit