ПОБИЗАРНО ОД ОВА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ: Цел свет со чудење ги гледа новите фотографии на Мадона! (ФОТО)
Таа уште еднаш успеа да ги запали социјалните мрежи
Навикнати сме Мадона, сега редовно, да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, но овој пат се надмина себеси. Новата објава на поп кралицата наиде на лавина негативни коментари и бурни реакции кај нејзините фанови.
Инстаграм објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.
Ако мислевте дека повеќе не може да ја изненади јавноста, сте се излажале. Овој пат таа објави серија фотографии, а на една од нив јасно се гледа огромна модринка долж бутот.
Мадона прво позираше на WC школка, со грбот кон камерата. Следуваше фотографија на која позира додека лежи на кревет.
На самиот крај стави фотографија на која се гледа огромна модринка долж целиот бут, додека на другата нога има црн скинат чорап. Токму оваа фотографија крена најголема прашина во јавноста.
Многумина се запрашаа што, всушност, сакала да каже Мадона со оваа објава? Во коментарите, меѓу другото, можеше да се прочита и ова: „Ова не е уметност, ова е вулгарно“, „Овој пат претера“, „Очајно сака да го привлече вниманието на јавноста“.