ПОВЕЌЕ ЗАПЛЕТИ ОД ДИНАСТИЈА! По целата врева, се огласи и инфлуенсерот кој тврдеше дека бремената Ријана го шутнала момчето, еве што кажа

17 април, 20220
Screenshot_8

Инфлуенсерот и моден критичар Луис Писано се огласи на социјалните мрежи откако објави дека Ријана и нејзиното момче, раперот Асап Роки пред неколку дена раскинале поради наводното неверство на раперот.

 

 

 

На својот инстаграм-профил, Луис сега во подолга објава се извини за непријатностите.

 

„Синоќа донесов глупава одлука да споделам некои информации што ги добив. Нема да зборувам за изворите, ниту да обвинувам други за дебатата што беше покрената затоа што на крајот на денот јас донесов одлука да го испратам тој твит“, напиша Луис.

„Би сакал официјално да им се извинам на сите што ги вовлеков во ова со моите постапки и непромислени твитови. Немам оправдување. Се извинувам за оваа непотребна драма“, продолжи тој.

 

Претходно, дизајнерката на чевли со која наводно Асап Роки ја изневерил Ријана, Амина Муади исто така ги негираше сите шпекулации.

 

„Отсекогаш верував дека една неоснована лага која се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или појаснување, особено ако е толку подла. Отпрвин претпоставував дека овие лажни озборувања, измислени со лоша намера, нема да бидат сфатени сериозно“, таа ја започна својата објава на „Инстаграм“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi