Повкусна, поароматична и посочна од обичната: Рецепт за неодолива мусака со пилешко и коријандер
![292895_musaka-od-tikvica-sa-mlevenom-svinjetinom-izdasno-jelo-bez-pohovanja-i-mnogo-masnoce-recept-580158855_ff](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/01/292895_musaka-od-tikvica-sa-mlevenom-svinjetinom-izdasno-jelo-bez-pohovanja-i-mnogo-masnoce-recept-580158855_ff.jpg)
Доколку сте останале без идеи за интересни оброци за да го соберете целото семејство на маса, а знаете дека сите сакаат пилешко и компири, ви носиме фантастичен рецепт за мусака со бело месо и морков кој ќе ве воодушеви.
Многу е едноставно да се направи, слично на вообичаеното, но самиот процес е за нијанса побрз. Ароматичните зачини ќе му дадат посебен шарм и вкус.
Состојки:
400 грама свежо бело месо – гради
2 моркови
2 главици кромид
300 грама компири
чешне лук
сол
бибер
босилек
мелен коријандер – многу важен
Прелив:
јајце
чаша млеко
Подготовка:
Во длабока тава пропржете го кромидот, месото исечкајте го на ситни парчиња, а морковот – изрендајте го. Кога месото ќе побели и кромидот ќе добие златна боја, зачинете по вкус, па оставете да се излади. Подгответе огноотпорен сад, подмачкајте го и наредете ги исечените компири за да се наполни дното на садот, а потоа одете низ редот филови, редот компири, се додека имате материјал. Кога ќе завршите со постапката, изматете две јајца и додадете една шолја млеко. Прелијте ја мусаката и печете еден час на 200 степени.