ПОДГОТВУВАМ ТУЖБА: Дара Бубамара реши да се пресмета со крадците! Сака да им земе милиони на Шпанците!

31 јануари, 20220
Screenshot_4

Главна тема во шпанските медиуми е кражбата што ја изврши нивниот претставник на Евровизија која ја украде српската пејачка

 

 

Шпанската пејачка, која себеси се нарекува Шанел, беше обвинета дека ја украла песната „Екстравагантно“ на Дара Бубамара. Дара сега проговори и откри што планира да прави:

 

– Денеска кога влегов на социјалните мрежи бев шокирана. Добив милион пораки од странци во Шпанија. Ми испратија линкови и скриншот од натписи во локалните медиуми дека овогодинешниот претставник на Евровизија ја ископирал мојата песна. Слушнав и сличноста е јасна. Сепак, тие малку задоцнија, или мислеа дека нема да бидат провалени. Ја снимив во 2017 година, а сега е 2022. Гледам дека се крена врева, а мојот тим ќе поднесе тужба – вели Дара.

 

Таа признава дека ѝ годи да ја копираат Шпанците.

 

– Сега цел свет ќе слушне за мојот хит. Така треба да биде. Изборот за песна на Евровизија е светски познато музичко натпреварување и секој ќе коментира за плагијатот. Раста и Цоби ја направија вистинската работа, „екстравагантно“ и неколку пати на моите настапи се бара- вели пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi