Подобрете го квалитетот на спиењето: Важно е да ги промените овие вечерни навики

1 февруари, 20220
Screenshot_3

Погледнете дали правите некои од следниве и променете ги наврeме: Спиење кога не сте уморни Во теорија, легнувањето секој ден во кревет во 9 часот делува како добра идеја. Но,…

 

Погледнете дали правите некои од следниве и променете ги наврeме:

 

Спиење кога не сте уморни

 

Во теорија, легнувањето секој ден во кревет во 9 часот делува како добра идеја. Но, доколку легнете без да бидете уморни тоа значи дека може да поминете повеќе од половина час превртувајќи се во кревет.

 

Па доколку не се чувствувате уморно пред да си легнете, направете некоја корисна акција како медитација или јога што ќе ви помогне да заспиете побрзо и подобро.

 

Заспивање со вклучен телевизор

 

Експертите велат дека заспивањето со вклучен телевизор може значително да влијае врз квалитетот на сонот. И покрај тоа што сте заспани, вашиот мозок сè уште прима сигнали од телевизорот што може да спречи да навлезете во REM циклусот и да добиете квалитетен сон.

 

 

Спиење со многу перници

Користењето на многу перници или премногу висока перница при спиењето може да предизвика болки во вратот и ‘рчење во текот на ноќта. Затоа пронајдете некоја перница која ќе ви помогне да го одржувате телото, односно ‘рбетот во правилна форма.

 

Спиењето со вашите миленици

Спиењето со милениците е особено слатка навика која многу од нас тешко можат да ја искоренат, но експертите предупредуваат дека спиењето со нашите миленичиња може да предизвика незгодна положба и често будење во текот на ноќта што на крај резултира со неквалитетен сон и болки во вратот и грбот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma