Познатата глумица го користи истиот трик за кожата веќе 20 години: Лицето и ден-денес ѝ блеска

5 февруари, 20220
kate-hudson-kejt-hadson06-830x0

Холивудските ѕвезди доаѓаат во контакт со големи имиња од индустријата за убавина. Без разлика дали се фризери, шминкери или дерматолози, кога се подготвуваат важни настани, се доделуваат награди и слично, познатите личности се препуштени во рацете на експертите.

Секако, покрај нивните услуги, тие ги применуваат и нивните совети. Истото го прави и актерката Кејт Хадсон (42), која неодамна во едно интервју откри дека еден совет за убавина и го променил животот.

– Кога бев во средината на дваесетите, бев со шминкерката Гучи Вестман, која ми рече дека треба да престанам да го чистам лицето наутро. Можеби тоа е она што предизвикува таложење на нечистотии, а потоа акни и мозолчиња. Ја слушав и состојбата на кожата ми се подобри. Оттогаш се држам до тоа“, рече Кејт.

Значи, наутро не е неопходно да се третира лицето со средства за чистење, туку добро е да се мие со обична вода.

– Мислев дека кога старееме кожата може да издржи повеќе влијанија, но тоа не е така. Мојата кожа е многу чувствителна. Колку помалку производи користам, толку подобро – изјавила познатата актерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma