Популарна ТикТокерка тврди дека Адам Левин си ја изневерувал трудната жена со него: Ги покажа и пораките кои ѝ ги праќал

21 септември, 20220
profimedia-0720099933-tiktok-830x0

Тиктокерката Самнер Строу објави видео во кое тврди дека имала едногодишна афера со Адам Левин, пејачот на групата „Maroon 5“.

Строу сподели и скриншот од пораките што наводно ѝ ги праќал Левин преку Инстаграм, а како што објаснила, пејачот дури ја прашал дали може да го именува своето дете по неа.

@sumnerstroh

embarrassed I was involved w a man with this utter lack of remorse and respect. #greenscreen

♬ original sound – Sumner Stroh

Левин е осум години во брак со моделот на Victoria’s Angels, Бехати Принсло, а двојката неодамна објави дека го очекува третото дете.

Тиктокерката на видеото вели дека таа им кажала на пријателите за аферата, а една од нив наводно сакала да им ја продаде приказната на таблоидите, па решила сама јавно да признае се.

@sumnerstroh

Replying to @alanasanders89 addressing a few things I wish I had said in the first video

♬ original sound – Sumner Stroh

– Засрамена сум што бев вмешана во ова со човек со целосен недостаток на каење и почит – рече таа.

Видеото е прегледано речиси 13 милиони пати за помалку од 24 часа, но Левин се уште не се изјаснил за обвинувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit