Портокаловата ќе доминира во пролетните комбинации: Облечете се во духот на светските модни писти

4 март, 20220
shutterstock2026082486-830x0

Нијансите на портокалова одговараат на сите

Конечно се ближи сезоната кога еднобојната и темна облека ќе ја замениме со светла.

Дизајнерите и модните куќи најавуваат шарена пролет која ќе биде впечатлива поради интересните трендови кои ја слават женската фигура.

Кога станува збор за боите кои ќе доминираат, една особено се истакна. Тоа е портокаловата, која лесно може да се комбинира со други бои. Оваа нијанса е одлична за сите, без исклучок, а овие парчиња ќе доминираат во секоја комбинација.

  1. Портокалово сако

Светлите, мандарина нијанси имаат предност во однос на потемните тонови, а оваа боја е совршен избор за претстојните, разиграни пролетни стајлинзи.

  1. Комбинација на бои

Смелата и впечатлива комбинација на бои – портокалова и виолетова го освои светот. Таа стигна до насловните страници на светските модни списанија, а ја промовираа познати дами, како Ким Карадашијан и Џесика Алба.

  1. Два тренда во една комбинација

Животинскиот принт по неколку години повторно го зазеде своето место во светот на модата. Оваа пролет речиси секое парче облека ќе има детали од животински дезен. Портокаловата боја и леопардскиот принт одлично стојат, па често ќе можеме да видиме дами во ваква или слична комбинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma