ПОСНИ ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ: Прекрасен вкус на колачи без јајца и млеко е возможен со овој РЕЦЕПТ

25 март, 20220
Screenshot_3

За време на постот многумина бараат нови идеи за вкусни рецепти, за да не им биде сува исхраната

 

 

Доколку ви се јаде слатко, а во кујната ги имате само основните состојки, имаме одлична идеја за вас – чоколадни мафини! Не ви се потребни ниту јајца, ниту млеко, а вкусот ќе ве воодушеви.

 

Состојки:

  • брашно – 1 1/2 чаши
  • шеќер – 1 чаша
  • какао – 1 лажица
  • сода бикарбона – 1 лажиче
  • сол – 1/2 лажиче
  • масло – 80 мл
  • јаболков оцет – 1 лажиче
  • ванила – 1 кесичка
  • вода – 1 чаша

 

По желба:

  • суво грозје, брусница – 1/2 чаша (или јаткасти плодови)

 

 

ПОДГОТОВКА:

 

Во сад измешајте ги просеаното брашно, содата и содата. Додадете какао, шеќер и ванила. Сè убаво измешајте и додадете масло, вода и оцет.

 

Ако додавате суво грозје или јаткасти плодови, додадете ги. Повторно добро промешајте додека не добиете хомогена смеса.

 

Готовата смеса истурете ја во намрсен и набрашнет калап за мафини. Ние користевме хартиени корпи, кои ги стававме во гнездата на калапот. За полесно да ги полните, користете лажица за сладолед, секако доколку имате.

 

Се пече во загреана рерна на 180 степени, се проверува со чепкалка. Приближното време е околу 30 минути. Оставете да се излади и декорирајте по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma