По скандалозното јавно изневерување, повторно заедно – Џастин Тимберлејк го користи секој момент за да биде близок со својата поубава половина – Џесика преку ноќ заборави на сите лоши моменти

2 август, 20220
poglednete-go-domot-od-koj-se-zboguvaat-dzhastin-timberlejk-i-dzhesika-bil-302090

Џастин Тимберлејк и неговата поубава половина, Џесика Бил, со денови уживаат во Сардинија. Пејачот и актерката оставаат впечаток на хармоничен и неразделен пар.

Папараците уловија неколку фотографии, на кои се гледа како парот ужива на јахта со група пријатели. Тимберлејк и Џесика си разменија галење, а камерата го сними нивниот романтичен бакнеж.

Џесика носеше едноделен костим за капење, кој е апсолутен хит оваа сезона, додека Џастин носеше впечатливи зелени шорцеви и црна маичка. Имаше бела капа на главата, па тешко е да се заклучи дека е навистина тој.

Ова не е прв пат парот да биде фатен како разменува нежности. Имено, тие неодамна беа фотографирани како танцуваат на јахта и како си разменуваат бакнежи на плажа.

Извајаното тело на Џесика им привлече око на многумина, а Џастин се чини дека не губи време, користејќи ја секоја прилика да ги зграби облините на Џесика и да ја бакне.

Ќе потсетиме дека нивната врска помина низ голем скандал, кога фотографите го фатија Џастин како разменува нежности со колешка, со која тогаш соработуваше.

Имено, актерот бил видно пијан и едвај стоел на нозе. Актерката со која наводно ја изневерувал сопругата е Алиша Вејнрајт. Алиша и Тимберлејк биле фатени во јен бар, по снимањето, додека биле придружувани од членовите на филмската екипа.

Тие двајца решиле да бидат сами, па се качиле на балконот и дури по долго време се приклучиле на тимот.

Се зборуваше и дека ова не е единствената афера што ја имал Тимберлејк и дека врската со неговата сегашна сопруга била многу бурна. Се шпекулираше и дека парот ќе се разведе, но тоа не се случи.

Двајцата се запознале во 2005 година, додека врската ја започнале во 2007 година.

“Морав да бидам прилично упорен за да ја натерам да каже да. Но, јас сум многу упорен и ако сакам нешто, не се откажувам од тоа. И на крајот таа се согласи”, рекол Џастин на почетокот на нивната врска.

Судејќи според фотографиите, тие никогаш не биле позаљубени. Дали сето ова е само преправање или навистина не можат да ги задржат емоциите, проценете сами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma