Препознајте ја онаа ВИСТИНСКАТА: Никогаш не смеете да дозволите „да ви побегне“ жена со ОВИЕ ОСОБИНИ

11 април, 20220
Ljubavni-par

Препознајте ги знаците дека таа е совршена за вас

Вистинската и искрена љубов не може да се лажира, а штом ќе ја почувствувате, ќе знаете дека тоа е она што отсекогаш сте го барале.

Понекогаш емоциите ни попречуваат да ја видиме целата слика, па не сме сигурни дали сме ја нашле „вистинската“.

Но, ако посветите доволно внимание, постојат знаци дека ТАА е совршена за вас.

  1. Привлечна е

Не е поентата во пропорциите 90-60-90, но ако не ја сметате партнерката за убава, тоа може да донесе проблеми во иднина – по неколку години и почетната страст, вашето внимание може да се сврти на други жени и на она што можете да го имате, така што физичката компонента и привлечноста се навистина неопходни за врската.

  1. Знае што сака

Жената која знае што сака е вистинско богатство кое треба да се цени, бидејќи е показател за независност, изградена личност и се што е потребно за да биде зрел, а со тоа и добар животен партнер.

  1. Женствена е, но и силна

Во врската многу е важно жената да знае да каже ако нешто не и одговара, бидејќи работите кои се „проголтани“ прават мини на кои задолжително ќе наидете. Исто така, жените со силни ставови и мислења секогаш се почитуваат. Почитувањето е важна ставка во љубовта, а ако е храбра како лавица и сепак женствена, тогаш таа е вистинската жена за вас.

  1. Знае да се опушти и да се забавува

Животот понекогаш е тежок, а понекогаш само монотон и предвидлив. Ако некој на самиот почеток не ви е интересен или не може да ве изненади, мали се шансите тоа да го прави до крајот на животот. Партнерка која е интересна и не се плаши да биде забавна е животен партнер кој ќе знае како да ве насмее, некој со кој ќе можете да бидете…

  1. Нејзината близина ве опушта

Ова чувство е нешто што тешко може да се опише со зборови, тоа е нешто како чувството откако сте се вратиле дома по долго патување, или мирисот на вашето омилено јадење подготвено од мајка ви… Другите жени можат да бидат привлечни, но само со ретки ќе добиете такво уникатно чувство на припадност и спонтаност.

  1. Ги поддржува вашите цели и ги следи своите

Долго време научниците се обидуваат да докажат дека мажите претпочитаат да стапат во брак со слаби жени. Во својата книга „Зошто паметните мажи се мажат за паметни жени“, Кристина Вилан темелно го разоткрива овој мит и со статистички податоци докажува дека успешните, добро образовани жени кои добро заработуваат не се мажат поретко од другите. И запомнете: силна жена ќе ве мотивира и нема да зависи од вас.

Не треба да се грижите за неа и нема да и треба вашата постојана потврда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma