Пристигна трејлерот за „Thor: Love and Thunder“: Моќни кадри проследени од хитот на групата Guns N’ Roses

20 април, 20220
film-tor-ljubav-i-grom-830x0

„Thor: Love and Thunder“ го доби својот прв трејлер, во кој доминираат моќни кадри проследени со хитот на Guns N’ Roses „Sweet Child of Mine“.

Тој е Бог на громот меѓу суперхероите, тој е херој кој го напуштил светот на суперхероите во потрага по мир за да ужива во својата специфична смисла за хумор во пензија. Тој е Тор, најомилениот херој на универзумот на Марвел, моќен човек кој крши се пред себе со чекан што само тој може да го користи – Крис Хемсворт повторно во улогата на најпознатиот Викинг меѓу суперхероите – Тор.

Објавен е првиот трејлер за продолжението на сагата, кој од 7 јули ќе можете да го гледате во кината – „Thor: Love and Thunder“.

Трејлерот ги открива првите траги од долгоочекуваните авантури кои го чекаат Богот на громот, мислејќи дека неговиот пат ќе биде мирен по пензионирањето, но животот, сепак, немал такви планови за Тор. Неговата зен идила ја прекинува меѓугалактичкиот убиец Гор, богот на касапот кој го игра, овој пат во улогата на главниот негативец, Кристијан Бејл (Бетмен), неговата цел е да ги уништи сите преостанати богови на земјата.

За да се спротивстави на злото, Тор бара помош од своите пријатели Корга (Таика Ваити), кралицата Валкири (Теса Томпсон) и поранешната девојка Џејн Фостер (Натали Портман), кои, на изненадување на сите, можат да го користат чеканот на Тор. Ќе успее ли тимот да му стави крај на злото на Гор?

Режисер на филмот е Таика Ваити, кој во филмот се појавува во улогата на Корг, додека продуцент е Кевин Феиг (Доктор Стрејнџ во Мултиверзумот на лудилото).

Погледнете го трејлерот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi