Продолжениот ковид може да предизвика два сериозни проблеми кај жените и кај мажите

29 јули, 20220
Screenshot_10

Многу луѓе се соочија со симптоми на продолжен КОВИД

 

 

Како што пишува британски „Mirror“, најновата студија покажала дека еректилната дисфункција и опаѓањето на косата се два нови симптоми кои треба да се додадат на листата на пролонгирана коронавирусна болест.

 

Според нивните податоци, речиси два милиони луѓе во Велика Британија страдаат од симптоми на продолжен ковид, а последните податоци беа дека дури 31 отсто од луѓето во Британија имаат проблем со симптоми кои траат и до четири недели по инфекцијата со Ковид.

 

Најновата студија во која беа вклучени околу 2,4 милиони луѓе покажа дека симптомите на продолжениот ковид се многу пошироки отколку што се мислеше.

 

Покрај губењето на косата и еректилната дисфункција, истражувачите вклучуваат губење на либидото и инконтиненција на дебелото црево.

 

Ова се вообичаени симптоми на продолжениот ковид:

 

  • малаксаност и чувство на замор
  • проблеми со спиењето
  • неправилно чукање на срцето
  • болки во зглобовите
  • депресија, анксиозност
  • болки во ушите
  • гадење, дијареа
  • осип

 

Оваа студија е објавена во списанието „Nature medicine“, а покрај симптомите, тие откриле дека помладите, жените, луѓето со црна кожа и оние кои потекнуваат од етнички групи се посклони да развијат симптоми на продолжен ковид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma