Проектите на кои работеше ВИЛ СМИТ сега се или ОТКАЖАНИ или паузирани!

3 април, 20220
Screenshot_9

Некои од претстојните проекти на Вил Смит се паузирани по контроверзите на Оскарите, пренесува The Hollywood Reporter.

 

 

Актерот кој изненади со инцидентот кога го удри комичарот Крис Рок во лице, бидејќи се шегуваше на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит, веќе ги трпи последиците.

 

Набргу по неговата оставка од Американската филмска академија, беше објавено дека идните проекти на кои требаше да работи за Нетфликс и Сони ќе бидат одложени.

 

Нетфликс беше во процес на пронаоѓање нов режисер за филмот „ Fast and Loose “, откако Дејвид Лич се повлече од проектот пред Оскарите. Смит требаше да глуми мафијашки шеф со проблем со меморијата.

 

Меѓутоа, набргу по нападот на актерот врз Крис Рок, стриминг сервисот „тивко“ го префрли фокусот од планот.

 

Сони исто така ја забавува работата на продолжението на „Bad Boys 4“, кое се подготвуваше пред доделувањето на наградите.

 

Во својата изјава од 1 април, со која се повлече од Академијата, Смит рече: „За промена е потребно време и јас сум подготвен да работам за никогаш повеќе да не дозволам насилството да го совлада разумот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi