ПРОЛЕТНИ НАМИРНИЦИ КОИ ГО ЗАЈАКНУВААТ ИМУНИТЕТОТ! Освен што се освежувачки, не дебелеат, па можете да јадете колку сакате

12 април, 20220
Screenshot_1

 

Пазарите се преполни со зелена боја, а нутриционистите советуваат да ги вклучите овие намирници во вашата секојдневна исхрана за да му обезбедите на телото доволно количество витамини и минерали.

 

 

 

МАРУЛА

Зелената салата содржи многу малку калории (14 калории на 100 грама), па затоа е одлична храна за сите кои сакаат да ослабат. Содржи влакна и целулоза, кои брзо даваат чувство на ситост и го подобруваат варењето.

Многу е добра за срцето бидејќи е богата со витамин Ц и бета-каротин. Поволно делува на опуштање на целото тело бидејќи содржи лактакариум (бела течност која се гледа кога ги сечете листовите), кој опушта и овозможува добар сон.

 

КРОМИД

Младиот кромид е многу хранлив и богат со витамини и минерали кои помагаат во спречување на многу болести. Поради своите антибактериски својства го штити организмот од воспаленија, а големите количини на сулфур во него го зголемуваат апетитот и го подобруваат варењето. Младиот кромид содржи многу витамин Ц, кој помага во одржување на крвниот притисок во нормални граници и на тој начин штити од срцеви заболувања.

 

РОТВИЦИ

Ротквиците се богати со влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум, а содржат многу малку калории, поради што се одлична храна за пролетно чистење на организмот. Иако често се лути, треба да знаете – колку е полута ротквицата, толку е поздрава и покорисна за организмот. Тие имаат најдобар ефект врз варењето кога се јадат свежи и сирови, па затоа јадете ги како салата или ужина додека гледате телевизија.

Ротквиците помагаат при хронични респираторни заболувања и делуваат како природен инхалатор. Влакната, витамините и минералите влијаат на кардиоваскуларниот систем бидејќи го намалуваат холестеролот, го регулираат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

 

БЛИТВА

Витаминот А, кој се наоѓа во блитвата, го зајакнува имунолошкиот систем, правејќи го телото поотпорно на разни инфекции и воспаленија на респираторниот систем. Богат е и со витамин К, кој е неопходен за коагулација на крвта и зачувување на коските. Блитвата е добра за видот како и морковот, бидејќи содржи приближно исто количество витамин А и лутеин, кои играат важна улога во одржувањето на здравјето на очите и докажано е дека го намалуваат ризикот од очни болести како макуларна дегенерација и катаракта. Бидејќи содржи големо количество железо и фолна киселина, блитвата е многу корисна за лекување на анемија.

 

СПАНАЌ

Спанаќот е полн со железо. Половина шолја варен спанаќ содржи 3,2 милиграми железо, што задоволува околу 20 отсто од вкупните дневни потреби за овој минерал.

Спанаќот е исто така еден од најдобрите извори на магнезиум, кој е потребен за енергетскиот метаболизам, одржување на мускулната и нервната функција, срцевиот ритам, здрав имунолошки систем и одржување на крвниот притисок.

 

Спанаќот е одличен за контрола на дијабетесот. Содржи антиоксиданс познат како алфа-липоична киселина, за која е докажано дека го намалува нивото на гликоза и ја зголемува чувствителноста на инсулин. Благодарение на големата количина на калиум, спанаќот се препорачува за сите луѓе со висок крвен притисок.

 

КОПРВА

Копривата ја подобрува работата на органите за варење, го забрзува исфрлањето на штетните материи од организмот, позитивно делува на панкреасот, го намалува шеќерот во крвта, лечи воспаленија на уринарниот тракт и ја поттикнува работата на цревата, поради што делува како диуретик.

 

Содржи витамини Ц и А, калциум, калиум, железо, фосфор и многу други витамини и минерали, па затоа е одличен за зајакнување на имунитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma