Развод или долгогодишен брак? Старите верувања откриваат што НИКАКО не треба да правите на СВАДБАТА

13 февруари, 20220
shutterstock_251860978-2048x1213

Се разбира, ова се само верувања и не се засновани на факти

Народните верувања се многубројни, особено оние поврзани со среќата во бракот.

На нашите простори се пренесуваа од колено на колено и се зборува како треба да се однесуваат младенците на својата свадба.

Некои работи се дозволени, додека други не треба да ги правите доколку не сакате да се разведете.

За бракот да биде среќен, невестата треба да заплаче на свадбата

За да биде венчавката успешна и младенците да не бидат проследени со несреќа, важно е невестата да заплаче. Секоја свадба е проследена со голем стрес и притисок, а верувањата на бабите велат дека најдобар лек за тоа е плачењето, со кое ќе ги извадите сите емоции од себе. Сепак, тоа не е тешко за многу дами поради големиот наплив на емоции и трогателни моменти на самиот настан.

Ако парот се фотографира одвоено на свадбата, ќе дојде до развод

Колекцијата на слики од свадбата не смее да биде без невестата или младоженецот кои се на секоја слика. Без разлика дали се со пријателите или семејството, многу е важно на сите фотографии да ги има младенците.

Никој не смее да го проба вереничкиот прстен

Друго во низата верувања е дека никој не треба да го проба вашиот прстен, бидејќи во спротивно ќе ви ја украде среќата.

Ако ја испуштите бурмата пред свадбата, бракот е осуден на пропаст

Едно од верувањата е дека ако вие или младоженецот го испуптите прстенот, вашиот брак ќе биде осуден на пропаст. Затоа, доколку верувате во стари верувања, задолжително кажете му на младоженецот да биде прецизен при ставањето на бурмата и да не му се тресат рацете.

Ако се венчате во мај, ќе имате несреќа до крајот на животот

Иако многу свадби се одржуваат во мај, некои стари верувања велат дека ако се венчате во мај, осудени сте на страдања и лоши брачни ситуации.

Ниту едно од овие верувања нема докази и не е поткрепено со факти, туку само народни приказни кои се пренесуваат од колено на колено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma