Режисерот ги потврди шокантните гласини: Брус Вилис го губи помнењето, се повлекува од Холивуд

16 март, 20220
pablo-periljo-dubler-brusa-vilisa-830x0

– Вистина е. Со него режирав четири филма, па знам од прва рака – изјави Мет Ескандари

Актерот Брус Вилис (66), според странските медиуми, има сериозни проблеми со меморирањето на текстови и дијалози, што многумина првично го препишаа на неговата мрзеливост. Сепак, како што се испостави, работата е многу посериозна.

– Вистина е. Со него режирав четири филма, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред ваши очи.

– Видов како изгледа да се работи со него во последните неколку години – напиша режисерот Мет Ескандари во коментар на Фејсбук под видеото за гласините за болеста на актерот.

Се шпекулира дека тоа би можело да влијае и на неговото повлекување од Холивуд, но актерот се уште не ги потврдил овие шпекулации.

Да се потсетиме, холивудската легенда Брус Вилис неодамна беше номиниран за Златна малина – најлоша изведба во филм од 2021 година, за филмовите во кои глумеше – “American Siege”, “Apex”, “Cosmic Sin”, “Deadlock”, “Fortress”, “Out of Death”, “Survive the Game” i “Midnight in the Switchgrass”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi