Рецепт за ќофтиња од риба во доматен сос: Посен ручек во кој ќе ужива целото семејство

12 март, 20220
rucak-830x0

Комбинација која ветува

Ќофтињата се едно од јадењата кои речиси никогаш не здосадуваат и кое ќе го задоволи непцето и на најпребирливите.

Домаќинките најчесто ги прават од мелено месо, но можеби е време да пробате нешто поинакво.

Понекогаш е добро да се направат мали промени, а ќофтињата од риба се идеална замена за оние од говедско или свинско месо, особено во деновите на постење.

Состојки:

1 кг риба по избор

1 црвена пиперка

1 главица кромид

2 чешниња лук

100 гр презла

¼ стар леб

200 мл доматен сос

Сол, бибер, зачини по вкус

Масло за пржење

Подготовка:

Истурете вода во тенџере, додадете една лажица сол, а потоа варете ја рибата 15 минути. Кога ќе биде готова исчистете ја од коските и кожата, па сомелете.

Пиперките, кромидот и лукот се сецкаат на коцки.

Во загреана тава сипете масло, додадете го кромидот, пиперката и малку вода, па динстајте 10 минути, па додадете ја рибата и измешајте сè заедно.

Потоа, во тавата додадете лук, сол, бибер и зачини по вкус. Лебот исечкајте го колку што можете поситно, па додадете го во тавата.

Истурете околу 50 мл вода и додадете презла. Промешајте сè и пржете уште пет минути.

Оставете ја смесата да се излади, а потоа од неа направете ќофтиња.

Во загреаната тава сипете малку масло, па спуштете ги ќофтињата и пржете ги додека не добијат златна боја.

Намалете ја температурата на минимум, а потоа прелијте ги ќофтињата со сок од домати и варете пет минути.

Послужете ги со вашата омилена сезонска салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma