Ријана случајно го откри полот на бебето? Пејачката направи нешто по што се е ЈАСНО (ФОТО)

18 март, 20220
Rijana

Пејачката ужива во бременоста …

Популарната пејачка Ријана наскоро ќе стане мајка, а време е за потрага по бебешка облека.

Откако со недели ја криеше веста за бременоста, убавицата од Барбадос и нејзиното момче АСАП Роки, познат рапер, на крајот на јануари потврдија дека ќе станат родители, а ѕвездата оттогаш гордо го покажува трудничкиот стомак.

Ријана не крие дека е возбудена поради новата животна улога, а иако не го откри полот на бебето, медиумите тврдат дека јасно е дека чека девојче.

Американските папараци ја забележале Ријана пред неколку дена додека пазарела во продавница за детска облека. Иако неодамна стана милијардерка, Ријана решила да бара бебешки работи во сигурна и многу достапна продавница во Лос Анџелес. Судејќи по фотографиите, Ријана особено ја интересирале боди со здолниште во боја на мандарина, поради што се шпекулира дека Роки и таа наскоро ќе добијат ќерка.

Како што пишуваат странските медиуми, таа купувала во бутик наречен „Таргет“, а облеката која и го привлекла вниманието чини само 18 долари.

Неодамна во едно интервју истакна дека со нетрпение го очекува „нивното“ доаѓање, што некои го толкуваат како Ријана да чека близнаци, а некои како да зборува неодредено бидејќи не сака да му наметнува пол на бебето. Сепак, пејачката не се огласи дополнително во врска со овие тврдења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma