Роберт Патинсон раскажува за стравот од аудиции кој го имал

16 февруари, 20220
robert-patinson-1-830x0

-Почнав да развивам психолошки терор и страв од аудиции, со кои многу актери се борат – изјави актерот.

Роберт Патинсон, еден од најпопуларните актери на денешницата, призна дека и претходно имал големи проблеми со аудициите. Биило толку проблематично што земал и лекови за смирување.

Во интервју за GQ, Роберт изјавил дека тоа бил стресен период од неговиот живот.

– Кај мене почна да се развива психолошки терор и страв од аудиции, со кои се борат многу актери. Би бил воодушевен и полн со самодоверба за некоја улога, но на денот на аудицијата се кршев. Истото се случи и утрото на аудицијата за „Самрак“ – изјави актерот.

Патинсон во тоа време живеел со својот агент, на кого му признал дека има проблеми и дека размислува да се откаже од аудициите.

– Некогаш живеев на каучот на мојата агентка во нејзиниот стан и кога и испратив мејл во кој збеснав и ја известив дека повеќе не сакам да одам на аудицијата, таа само ми рече да најдам Валиум во нејзината бања, која никогаш претходно не сум го користел, рече Патинсон.

– Никогаш порано не сум земал Валиум. Се сеќавам само дека се чувствував толку прекрасно на задното седиште во такси со отворен прозорец и само реков: „Леле, ова е она што ми недостасуваше“ – вели Патинсон, а пренесува 24sata.hr.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma