Роберт Патрик сакал да стави друг бенд на саундтракот за „Терминатор 2“ наместо „Guns N’ Roses“

31 август, 20220
terminator-2-tecni-metal-830x0

Патрик му ја однел песната на Камерон и „се обидел да го натера да ја користи за музика… но тој рекол: „Не. Арнолд повеќе ги сака Ганс енд Роузес“.

Актерот Роберт Патрик, ѕвездата на „Терминатор 2: Судниот ден“, зборуваше за времето кога се обидел да стави песна од „Nine Inch Nails“ на саундтракот на филмот од 1991 година наместо песна на „Guns N’ Roses“.

Во новото интервју, Патрик откри дека главната ѕвезда Арнолд Шварценегер (Терминаторот) на крајот го отфрлил предлогот што му го дал на режисерот Џејмс Камерон. Наместо тоа, на саундтракот се најде „You Could Be Mine“ од Guns N’ Roses.

Патрик изјави за Гардијан дека неговиот помлад брат (Ричард Патрик од американскиот бенд Филтер) бил гитарист на турнеја за „Nine Inch Nails“ во тоа време, што подоцна го инспирирало да се залага за бендот.

– Кога го снимав Терминатор 2, работев на песната „Head Like A Hole“ од „Nine Inch Nails“ – изјави Патрик, кој во филмот го толкуваше негативецот Т-1000.

Патрик му ја однел песната на Камерон и „се обидел да го натера да ја користи за музика… но тој рекол: „Не. Арнолд ги претпочита Ганс енд Роузес“.

Песната „You Could Be Mine“ од „Guns N’ Roses“ се појавува двапати во филмот: еднаш во сцената каде Едвард Фурлонг (Џон Конор) го брка својот велосипед и повторно во завршните шпици.

Патрик додаде дека одбивањето на Камерон и Шварценегер било „иронично бидејќи Трент Резнор од „Nine Inch Nails“ има добиено неколку Оскари за неговата музика“, пишува „NME“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit