РОБИ ВИЛИЈАМС НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА! Пејачот е очаен, размислува да почне да носи перики

6 август, 20220
212938_robbi01_f

Популарниот пејач Роби Вилијамс има проблеми со опаѓање на косата, како и многу мажи, па во 2013 година се подложил на третман за трансплантација на коса, но му било кажано дека е премногу тенка за оваа процедура да успее.

– Никој не сака да ми направи трансплантација, велат дека косата ми е премногу тенка – изјави Вилијамс.

– Освен тоа, не смеам да пијам никакви апчиња, бидејќи тоа ме прави депресивен. Изгледа дека ќе морам да го прифатам фактот дека Роби Вилијамс ќе биде ќелав – додаде тој.

Пејачот и претходно изјави дека пати од опаѓање на косата. Во едно неодамнешно интервју за австралиско радио, тој призна дека размислувал за идејата да стави перика додека се подготвувал да го издаде својот 13-ти студиски албум и да тргне на турнеја.

– Постојат некои одлични перики што можете да ги набавите сега, треба да ја избричите целата коса и потоа да ги залепите и тие остануваат со недели. „Би можел да го направам тоа само за турнејата“, рече тој тогаш.

Сепак, Роби не ја изгубил смислата за хумор, па често се шегува на своја сметка на концертите.

– Кога настапувам на концерт и гледам во екранот зад мене, сега гледам само човек со подбрадок и гола глава – вели пејачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit