Романтично запросување во Париз за панк принцезата: Аврил Лавињ и пејачот се свршија по една година врска

8 април, 20220
avril-lavinj-1-830x0

„Тоа беше најсовршениот, најромантичниот предлог што можев да го побарам“, изјави Аврил.

Пејачката Аврил Лавињ (37) по една година врска се сврши со колегата Мод Сан (35). Среќниот пар на социјалните мрежи објави фотографии од романтично запросување во Париз.

На една од фотографиите Мод клечи пред пејачката пред Ајфеловата кула, а на другата Аврил гордо покажува голем дијамантски прстен во форма на срце.

– Тој ден кога се запознавме, знаев дека ти си тој. Заедно засекогаш додека не завршат нашите денови – напиша музичарот, чие вистинско име е Дерек Рајан Смит, во описот на објавата.

– Те сакам засекогаш – напиша Аврил на својот профил, а деталите од запросувањето ги откри за магазинот „People“.

– Тоа беше најсовршеното, најромантичното запросување што можев да го побарам. Бевме во Париз на брод на Сена. Имавме виолинист, шампањ и рози. Се чувствував како времето да застанало, а во овој момент бевме само ние двајца – изјави таа.

mod-san-2-830x0
mod-san-1-830x0
avril-lavinj-3-830x0
avril-lavinj-1-830x0 (1)

Таа, исто така, го опиша прстенот направен по нарачка во продавницата за накит „Beverly Hills XIV Karats“.

– На него се врежани зборовите „Здраво иконо“, кои беа првите зборови што ми ги кажа. А внатре има „Mod + Avril“ – рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma