РОМАНТИЧНО! Италијанците воведоа зона за бакнување на Капри (ФОТО)

10 август, 20220
597126_italy-gcb5006055-1920_f

Италијанците важат за најголеми љубовници на светот, па дури и тоа да не е сто проценти точно, треба да им се честита на романтичноста. Една од последните причини за тоа е потегот на градските власти на Анакаприа на популарниот остров Капри

На иницијатива на младиот човек Симоне Акампоре (23), општината постави табла на ридот над градот, познат како Погледот на сонувачот, на која пишува „Романтична зона, бакнувањето е задолжително“.

Ова место е популарно кај туристите и се наоѓа на дното на црвениот светилник, а на врвот на скалите сега има табла на која се гледаат двајца луѓе како се бакнуваат.

Инаку, ова не е единствениот случај на задолжително бакнување во Италија. Една од првите општини што го воведе ова „правило“ е градот Трентинара во Чиленто, кој пред неколку години постави знак на терасата со прекрасен поглед на кој се прикажани Изабела и Саул, ликови од легендарната приказна сместена во Трентинара, која повикува на бакнување.

Идејата да се постави табла на која пишува „Kiss please“ е на Микела Даниела.

А и во регионот Лацио има место каде бакнувањето е „задолжително“. Се наоѓа на островот Лири, каде уметникот Гвидо Габриеле поставил знак за задолжително бакнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi