„РУСИЈА ЌЕ БИДЕ НЕГОВ ВТОР ДОМ“ Се шири вест дека Канје Вест наводно оди во Москва

13 јануари, 20220
Screenshot_2

Канје Вест можеби го има Западот во презимето, но намерите му се кон исток – и ни помалку ни повеќе кон Русија.

 

Пејачот и претприемач кој си го промени името од неодамна во Је, планира патување во Москва подоцна во текот на годинава, со цел да оствари средба со претседателот Владимир Путин, но и да одржи настапи и концерти во Русија. Идејата на Канје е да направи пошироки деловни контакти, пренесува „Bilboard“.

 

Во моментов се планира патувањето за напролет, во зависност од распоредот на ангажманите на Је, изјави неговиот стратешки советник Амер Судан. Канје има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин, со што раперот би постигнал меѓународна репутација но и „дебело“ банкарско конто.

 

„Русија ќе биде „втор дом“ за Је, вели Судан: „Тој ќе поминува многу време таму“.

 

Арас Агаларов, близок соработник на Путин и како претседател на Групацијата Крокус, е еден од водечките руски програмери, таканаречен „Трамп на Русија“ поради тоа што често сам ги брендира своите згради. Тој и неговиот син и деловен партнер, Емин Агаларов, работеа со Доналд Трамп за да го донесат изборот за Мис Универзум во 2013 година во Москва и беа во деловни односи. Да видиме што ќе направат со Канје овојпат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *