РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Крцкави компирчиња со сланина!
21 март, 20220
![Screenshot_3](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/Screenshot_3-19.png)
Денес, едно многу брзо јадење кое сите го обожаваат
Потребно е:
- 1 кг компир
- 300 грама сланина
- Сол
- бибер
- сода бикарбона
- малку зачинска сува пиперка.
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на големи парчиња. Ставете го во вода да се варат околу 20 минути. Во водата додадете 1 лажичка сода бикарбона и 1 лажичка сол. Исцедете ги компирите и оставете ги на страна.
Во тава ситно исецкајте ја сланината и пропржете ја. Во неа додадете ги варените компири. Додадете зачини по ваш избор: бибер, зачинска пиперка, малку рузмарин или мајчина душица.
Уживајте!