„САКАВ АЛКОХОЛ И ДОЈДЕ ДО МОМЕНТ…“ Славната манекенка проговори за тешката борба со пороците

25 јануари, 20220
MFR2GXKLLVBWTF2LRAFUM6SPNU

Манекенката Бела Хадид отворено проговори за борбата против депресијата и алкохолизмот. Имено, таа користела алкохол за лекување на анксиозност и депресија.

Бела изјавила дека не знае како дошло до тоа што пресекла и престанала да пие пред шест месеци.

– Го сакав алкохолот и дојде до таму што дури и јас почнав да откажувам ноќни излегувања кои чувствував дека нема да можам да ги контролирам – изјавила манекенката.

Кога докторот и покажал снимка како алкохолот влијае на мозокот, Бела решила да престане да пие.

– Веќе не чувствувам потреба да пијам бидејќи знам како ќе влијае на мене во 3 часот наутро кога ќе се разбудам со страшни проблеми, размислувајќи за нешто што сум го кажала пред пет години кога завршив средно училиште – признала манекенката.

Хадид зборуваше и за нејзините тешки борби со менталното здравје во интервју за WSJ. Манекенката признала дека психички е на „чудно“ место и дека ѝ било предизвик дури и да излезе од дома и да се облече, особено со проблемите на папараците кои ќе ја пречекаат надвор.

– Минатата година ми беше многу важно да научам дека дури и луѓето да зборуваат за мојот стил, сакале или не, тоа не е важно, бидејќи тоа е мој стил. Кога излегувам од дома наутро, размислувам, дали ова ме прави среќна? Дали се чувствувам добро поради ова и дали се чувствувам удобно? – искрено изјави Бела Хадид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma