САКАТЕ ДА ИМАТЕ БУЈНО И НЕГУВАНО ДЕКОЛТЕ? Неколку секунди треба да го правите ОВА, а еве зошто СОЛАРИУМОТ не е добар

29 март, 20220
547387_pexels-marcelo-chagas-2936945_f

Во лесна гардероба, деколтето е многу позабележително во текот на летото, па жените треба да посветат посебно внимание на одржување на оваа зона.

Дерматолозите исто така препорачуваат да се користат производи за нега на лице за да се одржи кожата кадифена, сјајна и затегната. Покрај кремот за тело и млекото, во тоа може да ви помогнат ладна вода, масажа и вежбање.

Ако сакате вашите гради да бидат поцврсти и пополни, завршете го секое туширање така што ќе насочите млаз ладна вода врз нив неколку секунди.

Правете пилинг на градите и деколтето еднаш неделно. Избегнувајте го само пределот околу брадавиците. Користете пилинг за лице и тријте го со кружни движења, а потоа исплакнете.

Што штети

Лош брусхалтер – ако не е со соодветна големина, кожата и мускулите на градниот кош ќе се релаксираат

Пушење – го забрзува стареењето на кожата бидејќи го намалува протокот на крв во клетките и прво го оштетува површинскиот слој на кожата

Солариум – прави брчки на деколтето

Креми за сончање – иако штитат од лошите УВ зраци, оние со висок фактор го забрзуваат процесот на настанување на брчки на лицето и градите

Редовно ставајте хидратантен крем на кожата на градите и деколтето. Оваа област е многу чувствителна бидејќи е изложена на сонце и други штетни надворешни влијанија. Доколку имате чувствителна кожа, најдобро е да користите крема за нега на лице за деколтето. Оваа област можете да ја нахраните и со хидратантно млеко за тело.

Доколку забележите фини линии на деколтето, префрлете се на нега против стареење наменета за оваа област.

Кожата на деколтето можете да ја масирате секој ден со нежни движења и со мешавина од масла. Идеална комбинација е да се измеша едно есенцијално масло со едно од растителните масла. Растителните масла од дива роза се ефикасни за подмладувачки ефект, а вечерната јаглика за мека кожа.

Градите се состојат од жлезди и масно ткиво, така што не можете да ги направите многу поцврсти отколку што планирала природата. Сепак, можете да ги зајакнете мускулите кои ги креваат градите за да бидат повеќе испакнати.

Идеални вежби за градите се женските склекови. Обидете се да направите околу дваесет од нив одеднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma