САКАШЕ ДА МЕ ЗАТВОРИ, ШТО САКА СЕГА? Бритни огорчена на мајка си, не дава пари, поднела жалба да не може да ѝ пријде!

8 април, 20220
Screenshot_4

Пејачката не сака ни да слушне за тоа

 

 

Имено, Лин побарала од поп принцезата да ѝ надомести за сѐ што им дала на адвокатите поврзано со нејзиното старателство, кое неодамна заврши. Пејачката не сака ни да слушне за тоа.

 

Бритни Спирс официјално се пожали на 5 април поради претходното барање на нејзината мајка Лин да ѝ ги надомести 660.000 долари што ги платила на адвокатите за време на борбата на нејзината ќерка да се ослободи од старателството што го добил нејзиниот татко.

 

Од тимот на пејачката нагласуваат дека „тоа не треба да го прави за трето лице, кое во случајов ѝ е мајка“.

 

– Зошто Британците се вклучуваат сега? Тоа е меѓу неа и нејзините адвокати – велат тие, пренесува „ E!News “, кој дошол и до жалбата на поп принцезата.

 

– Таа (Бритни) со децении е единствената која заработува во семејството, финансиски сè издржувала – додаде адвокатката на Спирс, нагласувајќи дека дала околу 1,7 милиони долари само за Лин и трошоците за нејзината куќа.

 

Во документите понатаму стои дека „барањето на Лин Спирс треба да се одбие само со образложение дека е поднесено без никакви права“.

 

Да потсетиме, мајката на пејачката поднесе барање за „изгубени пари“ во ноември минатата година. Таа ја ангажираше компанијата „Jones Swanson Huddell & Garrison LLC“ во 2019 година, со намера „да видат што можат да направат околу старателството над нејзината ќерка“ пишува понатаму во, како што сега смета јавноста – спорните документи.

 

Бритни беше „ослободена“ на 12 ноември, по вкупно 13 години, а она што дополнително ја шокираше јавноста е тоа што целото старателство беше оркестрирано – од нејзината мајка.

 

– Никој никогаш нема да може да ми ги врати тие години. Таа ми го загорчи животот од сенка. Затоа заземи го тој став „не знам што се случува“ и е*и се! Тивка и насмеана жена е најопасното животно на светот. Татко ми беше тој што го имаше главниот збор цело ова време, но луѓето не знаат дека мајка ми му ја даде идејата – истакна Спирс неколку дена пред заклучувањето на „старателството“ на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma