Сандра Булок призна зошто НЕМА социјални мрежи: За се е крив ФИЛМОТ што го снимила пред 27 години
27 март, 20220
![profimedia-0670528434](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/profimedia-0670528434.jpg)
Ова изненади многумина
Актерката Сандра Булок неодамна заедно со Даниел Редклиф гостуваше во една емисија каде зборуваше за многу работи, деловни и приватни.
Посебно изненадување беше нејзиното признание дека нема социјални мрежи, а како главна причина за тоа го наведе филмот „Мрежа“ кој го снимила во 1995 година.
– Научив многу. Запознавме вистински хакери и се сеќавам дека луѓето велеа: „Дали тоа постои? Дали мислите дека навистина би можеле да нарачаме пица од вашиот компјутер?, а јас реков, ”Да“, се пошегува Сандра.
Сепак, пред неколку години изјави дека не чувствува потреба да има никакви социјални мрежи и дека најверојатно ќе ги направи кога нејзините деца ќе почнат да ги користат.