Секси совети за жените кои не сакаат да бидат „горе“

10 април, 20220
603478194624eb246c3f68161072886_640

Понекогаш се случува навистина да немате сила, но да имате желба за секс и веројатно „целата работа“ да ја препуштите на вашиот маж. Нема потреба да се чувствувате лошо поради тоа, бидејќи на секого понекогаш му се случува. Но, што можете да направите ако сте премногу мрзеливи, уморни или едноставно не ви се допаѓа да бидете горе? Еве неколку идеи….

Користете ги ноктите – Можете да направите многу додека сте на грб, под него. Доволно е да имате многу мали нокти кои можете да ги користите како ваше секси оружје. Исгребете го по кожата, но сепак бидете доволно нежни да не го повредите.

Не штедете на бакнежи – Можеби нема да можете да го бакнувате по целото тело бидејќи ве заробил под него, но можете да го опсипете со бакнежи по вратот, рамената, градите, ушната школка и секако усните.

Остварете контакт со очите – Уште една прекрасна предност на оваа поза е можноста за контакт со очите со саканата личност. Ќе му биде неодоливо да ве погледне директно во очи додека ви причинува задоволство, пишува „Женски.магазин“.

Замотајте ги нозете околу него – Одличен начин да придонесете за водењето љубов во оваа поза е да ги прекрстите нозете на неговиот грб или околу вратот. Ова ќе ве направи навистина блиски еден до друг и ќе го доведете искуството на највисоко ниво.

Користете ги прстите за да го зголемите интензитетот – Ако ви е тешко да доживеете оргазам во мисионерска поза, секогаш можете да ги користите прстите за дополнително да се стимулирате. Не грижете се за вашето момче, тој со задоволство ќе ве гледа како го правите тоа.

Кажете нешто „валкано“ – Само не молчете! Задолжително користете валкани разговори за да ја подигнете атмосферата. Можеби нема да можете многу да го движите телото, но дефинитивно можете да ги движите усните.

Дајте му неколку сочни загризи – Додека му шепотите нешто валкано, гризнете го по увото, усната или брадавицата доволно силно, а сепак нежно и сензуално.

Поминете со прстите низ неговата коса – Уште еден детал што не треба да го заборавите е тилот кој копнее по вашиот допир. Можете исто така да поминете со двете раце низ неговата коса и да направите да се наежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma