Сер Иан Мекелен ја отфрли идејата дека само геј глумци играат геј улоги

6 март, 20220
profimedia-0496133340a-830x0

Сер Иан Мекелен ја отфрли идејата дека само геј актери треба да играат геј улоги. Познатиот актер, кој е и самиот геј, праша дали тоа би значело дека треба да му се ускратат стрејт улогите и способноста да ја „истражува фасцинантната тема на хетеросексуалноста“ на сцената и екранот, пишува Дејли мејл.

Тој, исто така, ги поддржа родово неутралните награди додека седеше во едночасовно интервју со Амол Рајан како дел од новата серија на презентерот на BBC2.

– Дали е аргументот дека стрејт маж не може да игра геј улога, и ако е така, дали тоа значи дека не можам да играм вистински улоги и дека не ми е дозволено да ја истражувам фасцинантната тема за хетеросексуалноста во „Магбет“? Сигурно не. Ние глумиме. Се преправаме – изјави МекЕлен.

Актерот, како што е познато, го играше Гандалф во „Господарот на прстените“ и Магнето во реализацијата на „Икс Мен“, а кариерата ја започна во Белградскиот театар во Ковентри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma