СЕ ВОЗИ ВО ЛИМУЗИНА, ОТСЕДНУВА ВО СКАПИ ХОТЕЛИ И УЖИВА: Дара Бубамара побегна од Србија, па покажа како се забавува! (ФОТО)
![Dara-Bubamara-cover-1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/01/Dara-Bubamara-cover-1.png)
Ужива за сите пари!
Пејачката Дара Бубамара навистина се препушти на уживањето, па замина на едно од своите луксузни патувања. Дара објави неколку кадри и фотографии на Инстаграм и покажа на која дестинација отишла.
Таа од Србија отпатува за Турција каде ужива во скапа храна, места, лимузини, а сето тоа го сподели на социјалните мрежи со фановите.
Бубамара го снимила и хотелот во кој престојува, како и погледот од прозорецот кој го одзема здивот. Да се потсетиме, наводно Дара Бубамара веќе ужива во врска со нов партнер откако стави точка на романсата со 20 години помладиот Тони.
– Не зборувам за него, но ако има венчавка, ќе проговорам. На кратко се преселив поради љубовта, а потоа сите дојдоа во Нови Сад поради мене. Важно е да е згоден, паметен и богат. (смеење) Важно е само да се случи хемија, можеби мене ми е згоден, но на некој друг не му е – изјави неодамна Дара.