СЕ Е ЗАРАДИ ПАРИТЕ: Популарниот музичар победи на суд – песната „Shape of You“ не е плагијат

8 април, 20220
265654_ed-siran-301_iff

Британскиот суд оваа недела пресуди во корист на музичарот Ед Ширан и рече дека неговата песна „Shape of You“ не е плагијат.

Ед го тужеше Семи Чокри и изјави дека песната „Shape of You“ е плагијат на неговата песна „Oh Why“.

Музичарот истакна дека хитот на Ед е многу сличен на рефренот на неговата песна, но судот не се согласи со ова тврдење.

По темелни проценки и слушање на песната на Ед Ширан, судот утврди дека песната не е плагијат.

Музичарот на социјалните мрежи истакна дека се работи за пари.

– Сега има култура во која се поднесува тужба со идеја дека спогодбата ќе биде поевтина од самото судење, дури и да нема основа за тужбата.

– Тоа е исклучително штетно за музичко-авторската индустрија. Во поп музиката не се користат многу ноти или многу акорди. Случајноста сигурно ќе се случи доколку на Spotify секојдневно се објавуваат по 60 илјади песни. Тоа се 22 милиони песни годишно, а достапни се само 12 ноти – објасни Ширан.

Неговиот хит, како што сега е потврдено од судот, „Shape of You“ беше најпродаваната британска песна во 2017 година, па затоа е и најпродаваната песна на Spotify досега.

Видеото за песната на Ед Ширан на YouTube е прегледано повеќе од 5 милијарди пати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma