Силвестер Сталоне ја откри вистинската приказна зад филмот „Роки“ и зошто не користи каскадер
![silvester-stalone-talia-shire-3-830x0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/04/silvester-stalone-talia-shire-3-830x0-1.jpg)
Актерот откри непознати детали од кариерата
Една од најпознатите улоги на Силвестер Сталоне е ликот на боксерот Роки Балбоа во филмската франшиза „Роки“: Актерот, гостувајќи кај водителот Дејвид Рубенштајн на телевизијата Блумберг, ја откри вистинската приказна зад ова остварување.
– Сите погрешно мислат дека го гледав (боксерот) Чак Вепнер како се бори против Мухамед Али и го нокаутира. Тоа е измислена приказна. Роки Марсијано, кој беше моја големина, имаше „компјутерски симулирана борба“ против Мухамед Али кога беше суспендиран во 1970 година. Тогаш се појави идејата и реков „ова е интересно“, но никој во Холивуд не знаеше кој е Роки Марсијано – рекол Сталоне, па сепак направил поврзаност со Вепнер во далечната 1975 година.
Она што е интересно е што Силвестер Сталоне не користи помош од каскадери за своите сцени.
– Мислев, ако ова не го направам сам, нема да биде направено на вистински начин – рекол Сталоне и изјавил дека добил вистински удари за време на филмот „Роки“.
– Имам многу фотографии на кои се гледа изобличувањето. Мислам дека сум повредуван повеќе од кој било актер на светот – изјави Сталоне.