Сите мислеа дека е разгалена богаташка, а Парис после 20 години призна дека била жртва на малтретирање

19 февруари, 20220
Screenshot_8

Во младоста ги полнеше медиумските наслови поради скандалозниот начин на живот, а во 2007 година дури заврши и во затвор поради прекршување на условната казна и возење без возачка дозвола.

 

Парис Хилтон на 17 февруари го прослави својот 41 роденден, а иако многумина имаат мислење дека е арогантна и разгалена богата наследничка, Парис не ја галел животот, а низ што поминала открила дури по 20 години.

 

Таа пораснала во многудетно семејство, а нејзините родители се многу богати бидејќи го поседуваат познатиот синџир хотели Хилтон, поради што можеле да ѝ дозволат сѐ што ќе посака, па така и го добила епитетот разгалена богаташка.

 

Во младоста ги полнеше медиумските наслови поради скандалозниот начин на живот, а во 2007 година дури заврши и во затвор поради прекршување на условната казна и возење без возачка дозвола која и беше одземена бидејќи возела пијана.

 

Јавноста уште повеќе ја исмејуваше кога во јавноста протече нејзиното интимно видео со нејзиното поранешно момче Рик Соломон, што за неа беше болно искуство. Многумина не знаеле за злоставувањето кое го доживеала како тинејџерка кога родителите ја пратиле во училиште за „воспитување“, а сето тоа го открила во својот документарен филм „This is Paris“.

 

-Тоа требаше да биде училиште, но учењето не беше на прво место. Од моментот кога ќе станев до крајот на денот, сите ми викаа, ми врескаа во лице, доживував постојана тортура. Персоналот ми кажуваше страшни работи. Ме малтретираа, ме натераа да се чувствувам лошо – изјавила Парис по 20 години.

 

– Мислам дека целта им беше да нѐ скршат сите. Бевме физички малтретирани, тепани и давени. Сакаа да нѐ исплашат, а да не се буниме. Бев дете, а ме фрлаа во самица, ме тепаа, ме понижуваа и ме гледаа гола – изјавила тогаш таа.

 

Од разгалената плавуша, Парис сега е диџеј, а за само еден настап заработува милион долари, а нејзиното богатство се проценува на 300 милиони долари.

 

Откако протекоа нејзините интимни видеа, Хилтон долго време не им веруваше на мажите и не сакаше да се вери, но во 2021 година сепак се омажи за претприемачот Картер Реум, а на нејзината свадба беше и Ким Кардашијан (41), која претходно работеше како стилист на Парис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma