СИТЕ СЕ СОГЛАСНИ: Кејт Мидлтон никогаш не изгледала поелегантно! Вака се облекуваат ВИСТИНСКИТЕ ДАМИ! (ФОТО)

30 март, 20220
275049_kejtmidlton-_ls

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денеска пристигнаа на комеморацијата на принцот Филип рака под рака со нивниот син Џорџ и ќерката Шарлот. Овој настан, одржан во спомен на починатиот сопруг на кралицата Елизабета, го собра кремот на општеството од цела Европа, а Кејт беше на висина на задачата.

Војвотката од Кембриџ се појави во совршено издание, адекватно на моментот, а сепак елегантно и впечатливо.

Прославената Британка носеше фустан од дизајнерката Алесандра Рич, чија цена е 1.495 фунти, а оваа тоалета одлично се вклопи во стилот кој Кејт го негува со години.

Kejt Midlton

Овој црн фустан со бели точки го красат надуени ракави, рол крагна, плисиран долен дел, но и ремен околу струкот…. Војвотката ја искомбинира со беж ташна, црни салонки од превртена кожа и обетки со детали од бисер.

Но, повеќето погледи ги „украде“ прекрасната капа од црна, цврста слама со детали од пердуви во крем боја, која на најдобар начин го заокружи ова дамско издание.

Kejt Midlton

Вилијам и Џорџ беа стилски усогласени во сини костуми, додека шестгодишната Шарлот ги маѓепса сите присутни во тегет палто со сребрени копчиња и сина машна во косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma