Славната глумица откри што не сака нејзините деца да дознаат за неа: „Толку ми е СРАМ!“
![Skarlet-Johanson-Profimedia](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/Skarlet-Johanson-Profimedia.jpg)
Актерката Скарлет Јохансон неодамна се појави во емисија со Дру Баримор и по тој повод проговори за некои приватни работи.
Имено, таа ја има ќерката, седумгодишната ќерка Роуз, со поранешниот сопруг Ромен Доријак и седуммесечниот син Козмас со сегашниот сопруг Колин Јост, а сега откри дека не би сакала нејзините деца да знаат дека порано била пушач.
– Ќерка ми можеби ме праша ова порано. Пушев кога бев помала и многу ми е срам. Едноставно не сакам никогаш да знае дека мислев дека е кул затоа што никогаш, никогаш, никогаш не смее да пуши и таа – изјавила Скарлет.
Таа признала и дека е многу построг родител од нејзиниот сопруг кој е „толку лежерен“.
Интересно е што во 2019 година Скарлет беше прогласена за најплатена актерка од магазинот „Форбс“, бидејќи само таа година заработила 56 милиони долари.