Совршен трик за летните денови: Направете го ова и маскарата нема да се размачкува

12 јуни, 20220
Screenshot 2022-06-12 210905

Фиксирајте ја

Маскарата е дефинитивно еден од најважните производи за убавина што го дава последниот шмек на целата шминка, но иако често е нашиот омилен производ кој дава моментално разбуден и поцелосен изглед, може и да не изневери.

И покрај тоа што маскарата ја нанесуваме на трепките со максимална прецизност и грижа, често ни се случува грешка во вид на дамка на очниот капак или на веѓите.

Дали има нешто пофрустрирачко, особено ако брзаме наутро? Толку иритирачки! Сепак, утеха е барем тоа што не сме единствени, бидејќи на професионалците им се случува маскарата да заврши секаде доколку не го искористат овој ефикасен трик.

А многу е едноставен. Сè што треба да направите по нанесувањето на маскарата, како и обично, без долго чекање, поминете ги врвовите на трепките со проѕирен гел за веѓи. Ова не само што им дава на вашите трепки дополнителен сјај, туку и ги „затвара“.

Поради текстурата на производите за веѓите, трепките автоматски се виткаат нагоре и добиваат дополнителен префинет изглед. Едно е сигурно, дефинитивно можеме да заборавиме на досадното отстранување на влажната маскара од капаците со ревносното користење на овој трик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma