Сочни, воздушести – ШКОТСКИ ПАЛАЧИНКИ: Стар рецепт на Елизабета II кој го воодушевил и американскиот претседател

20 септември, 20220
292457_profimedia0331446561_ff

Кралицата Елизабета Втора отсекогаш била една од најинтересните личности, а со оглед на тоа дека е една од најпознатите жени на планетата, не е чудно што има толку многу приказни за нејзиниот живот кои го интересираат целиот свет.

Деновиве на мрежите кружи рецепт кој самата кралица го напишала, иако не го создала, а го испратила во 1959 година на тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер.

Познато е дека Ајзенхауер и неговата сопруга ја посетиле кралицата во замокот Балморал, а во таа прилика, меѓу другото, за појадок им биле послужени таканаречените drop scones, односно шкотски палачинки, вид на пржено тесто кое наликува на американски палачинки. Тие биле воодушевени од овој деликатес, па од кралицата го побарале рецептот, која подоцна им го испратила.

Состојки:

4 чаши брашно (околу 400 грама)
4 лажици шеќер во прав
2 чаши млеко
2 јајца
2 лажички сода бикарбона
3 лажички вински прашок за пециво (достапен во добро снабдени продавници за здрава и органска храна)
2 лажици стопен путер

Подготовка:

Изматете ги јајцата, шеќерот и половина од потребната количина млеко. Додадете брашно во добиената смеса, па повторно измешајте и додадете го преостанатото млеко, сода бикарбона, прашокот за пециво и путерот. Погрижете се тестото да е погусто од обичното тесто за палачинки.

На загреана тава пропржете ги палачинките и внимавајте да има нелепливо дно. Поделете ги на помали кругови, исто како што наликуваат на американските.

– Кога правам помалку палачинки, ја намалувам количината на брашно и млеко, но не ја менувам количината на другите состојки. Исто така, понекогаш ги подготвував со меласа или златен сируп наместо шеќер и може да биде многу вкусен – се вели во писмото на кралицата Елизабета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi