ТАТКОВСТВО ВО ДОЦНИТЕ 50-ТИ: Додека Амал изгледа се поубаво, Џорџ Клуни се чини дека остарел преку ноќ

21 јануари, 20220
George-Clooney

Џорџ Клуни е виден на состанок со сопругата Амал, а целото внимание го украде неговиот изглед.

Тој со години беше познат како најпосакуваниот холивудски ерген, а потоа ја запозна фаталната адвокатка Амал.

Амал ја запознала во неговата вила на езерото Комо каде пристигнала во друштво на заеднички пријатели, а како што често истакнува, се заљубил на прв поглед. Иако рече дека никогаш повеќе нема да застане пред олтарот, по брачниот бродолом со колешката Талија Балсам, се предомислил и повторно се ожени во 2014 година.

Парот потоа ги доби близнаците Александар и Ела, а во последно време изгледа ги избегнуваат медиумите. Иако често сме ги гледале на состаноци и на разни настани, се чини дека им е доста од таквиот начин на живот, но повторно се во центарот на вниманието.

George Clooney nije se htio ponovno oženiti dok nije upoznao odvjetnicu Amal

Имено, двојката Клуни неодамна беше видена на вечера со уште една позната двојка Синди Крафорд и Ренди Гербер, а целото внимание го украде Амал во црни, кожени хеланки, црн проѕирен топ и чизми со високи потпетици. А сепак вистинската уметност е да го украдеш вниманието од една од најубавите жени која некогаш беше најпознат супермодел во светот.

Од друга страна, Џорџ уште еднаш докажа дека татковството кон крајот на педесеттите го изморило многу, за што неколку пати зборуваше во јавноста.

Screenshot 2022-01-21 140132
Screenshot 2022-01-21 140154
Screenshot 2022-01-21 140213
Screenshot 2022-01-21 140233

Имено, освен што сега носи потполно седа брада и коса, неговото лице изгледа многу изнемоштено, што претходно не беше случај. Неодамна го покажа и својот стомак на снимањето на филмот ‘Ticket to Paradise’ во Австралија, па изгледа дека годините почнаа да го прават своето и кај него.

Од друга страна, неговата сопруга навистина е како вино, бидејќи со текот на годините само станува поубава, а медиумите од самиот почеток го засакаа нејзиниот безвременски стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma