ТЕОДОРА ЏЕХВЕРОВИЌ ЈАВНО СЕ ПОЖАЛИ: „Пробав сè, редовно одев да го чистам лицето, но тие се појавуваат повторно и повторно!“

6 август, 20220
527449_273723088-121358610439720-8085390991083316326-n_f

Иако важи за една од најубавите пејачки на српската естрада, Теодора Џехверовиќ јавно призна дека вешто ги крие своите несовршености и дека има проблем со кожата на лицето.

Пејачката реши да ја разбие илузијата за нејзината идеална убавина, која секојдневно ја гледаме во медиумите.

Ги покажа своите несовршености и  сподели со следбениците на Инстаграм проблем кој долго време ја мачи.

Поточно, сподели фотографија од кожата на лицето на која се гледаат ситни мозолчиња и побара совет од девојките кои се сретнале со сличен проблем.

– „Драги девојки, две години се борам со оваа моја кожа. Тоа не се класични воспалени акни, тоа се мали мозолчиња. Пробав сè, редовно одев да го чистам лицето, но тие се појавуваат повторно и повторно. Секако, откако сега се шминкам секоја вечер поради летната турнеја, станаа уште полоши“ – напиша Теодора под фотографијата и побара совет од оние кои имале сличен проблем и успеале да го решат.

Со овој потег, Теодора освои уште повеќе симпатии кај публиката, бидејќи покажа дека девојките немаат од што да се срамат кога е во прашање изгледот и оддржа лекција за самодоверба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit