Тијана Дапчевиќ се оперирала, па откри: „Докторот ме праша што сум чекала“

6 декември, 20220
halohalo090620200041-830x0

„Двете нозе под локална анестезија и јас, фала богу, немам повеќе проблеми“, изјави Тијана

Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ имаше сериозни здравствени проблеми поради проширени вени, кои на крајот морала да ги оперира, а за што сега јавно проговори.

За еден неделен магазин изјави дека имала сериозен проблем со проширени вени, поради што имала бројни компликации, кои на крајот резултирале со операција, а целото непријатно искуство Тијана го споделува со јавноста за да им помогне на другите жени кои се соочуваат со слични проблеми.

– Имав крофни на нозете. Така се случува кога ѕидот попушта, а во еден момент попушти, и јас тоа го карактеризирав како да има крофни на нозете. Сепак, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми отекуваа, имав болки, ноќе ме будеа грчеви… Кога правев доплер, докторот ми рече „Ова требаше да го направиме пред една година, не знам што чекаше“ – објасни пејачката, додавајќи дека единствено решение била операцијата.

Оваа болест ја наследила од нејзината мајка.

– На шега сакам да кажам „Мамо, од тебе не наследив куќа, ниви, кули и градови, туку проблем со моите вени“, се пошегува пејачката.

Интервенцијата била завршена под локална анестезија.

– Двете нозе под локална анестезија и јас, фала богу, немам повеќе проблеми. На секој што е нормален тоа му се чини како комарец да го каснал, но јас не сум нормална. Па, симнав огромен товар од грбот, пред се здравствен, а потоа естетски и сега можам да носам кратки здолништа – заклучила Тијана за „Стори“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş