ТОМ КРУЗ МОРА ДА ПОЧЕКА: „Невозможна мисија“ 7 и 8 одложени за 2023 и 2024 година (ВИДЕО)

23 јануари, 20220
tom-kruz

На пандемијата не ѝ се гледа крајот

 

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година, поради пандемијата на Ковид-19, објавија во петокот продуцентите „Paramount Pictures“ и „Skydance“.

 

„Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а „Невозможна мисија 8“ во јули 2023 година. Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 мај 2024 година за осмиот дел од серија.

 

„По одредено размислување, Paramount Pictures и Skydance одлучија да ги одложат датумите на објавување на Невозможна мисија 7 и 8 поради доцнење предизвикано од пандемијата“, се вели во соопштението на компаниите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi