Топ 10 најубави хотели со пет ѕвезди на планетата: „Едрото“ во Дубаи, прв на листата

5 февруари, 20220
burj-al-arab-59191331920-830x0

Корисниците на Инстаграм го означиле овој хотел речиси 2,5 милиони пати

Меѓу многуте хотели во светот, еден е официјално прогласен за најубав хотел со пет ѕвезди. Тоа е Бурџ Ал Араб Џумеира во Дубаи.

Иако неговиот официјален рејтинг е пет ѕвезди, тој е нашироко познат како хотел со седум ѕвезди, пред се поради неговата екстраваганција. Не само што гостите ќе имаат можност да избираат меѓу девет типа перници, туку ќе можат да ја користат и услугата на личен „Ролс Ројс“ возач и ќе бидат опкружени со ѕидови со златни листови. Сите овие прекрасни детали, заедно со зградата во форма на едро, се означени речиси 2,5 милиони пати на социјалната мрежа Инстаграм, пишува money.co.uk.

Вториот најубав хотел со пет ѕвезди во светот се наоѓа на Малдивите. Хотелот „Сонева Јани“ на Инстаграм е означен 415.461 пати, а популарноста ја стекна пред се поради вилите кои изгледаат како да пловат по вода.

Хотелите со пет ѕвезди, кои се меѓу првите 10 во светот, се наоѓаат во САД, два на Малдиви, а останатите во Париз, Лондон и Барселона.

Списокот на 10-те најубави хотели со пет ѕвезди во светот изгледа вака:

  1. „Burj Al Arab Jumeriah“, Дубаи
  2. „Soneva Jani“, Малдиви
  3. „Bellagio“, Невада
  4. „The Plaza“, Њујорк
  5. „Beverly Hills Нotel“, Калифорнија
  6. „Halekulani“, Хаваи
  7. „Claridges hotel“, Лондон
  8. „The Ritz Paris“, Париз
  9. „Niyama“, Малдиви
  10. „W Barcelo“, Барселона

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi