ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Салото ѝ прекипуваше, а потоа за две години изгуби половина од телесната маса!

20 март, 20220
57028_rebel-vilson_ls

Актерката Ребел Вилсон претрпе драстична трансформација во својот изглед во последните две години. Имено, таа изгубила неверојатни 50 килограми вишок, благодарение на строгата диета, вежбањето и евидентната челична волја.

Актерката пред неколку вечери беше водителка на доделувањето на наградите БАФТА, каде имаше можност да блесне во полн сјај и да ја покаже својата импозантна фигура.

Ребел носеше провокативен црвен фустан од светки, со длабоко деколте, а нејзиниот изглед предизвика аплауз кај публиката и колегите.

Искрено, тоа воопшто не е чудно, со оглед на тоа што оваа Ребел и старата Ребел – не можат да се споредат!

Rebel pre dijete

Rebel Vilson sa 50 kilograma manje

Ваквата реакција, според тоа, воопшто не изненадува со оглед на тоа што Ребел навистина имаше сериозен вишок килограми долги години и дека во еден момент била на работ на морбидна дебелина.

Вниманието на публиката го привлече и Лејди Гага во нејзиниот смарагдно зелен фустан, но и никогаш послабата актерка Ребел Вилсон, која во претходните две години ослабе педесет килограми.

Prepolovila se!

Никогаш послаба и попривлечна, во исклучително секси фустан, Вилсон беше таа која доминираше на овогодинешното доделување на наградите, а до неодамна беше само буцкаста девојка на која никој не обрнуваше внимание, барем не во таа смисла.

Rebel Vilson

Ребел, која до неодамна беше во Велика Британија и работеше на нов проект, ослабела околу 50 килограми од почетокот на 2020 година, која ја прогласи за своја здравствена година, пишува британски „The Sun“.

Целиот процес таа го документирала на своите профили на социјалните мрежи, каде била охрабрена од целата армија следбеници. Таа воодушеви многумина со нејзината посветеност на поздрав живот, а многу се пишуваше за нејзината одлука радикално да го промени својот живот и навики. Во што очигледно и успеала.

Што да се каже освен – секоја чест!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma