Трендот во шминкање кој доминира ова лето: Дали сте чуле за ефектот на ОМБРЕ РУМЕНИЛО?

17 јули, 20220
rumenilo

Од година во година трендовите во светот на шминката постојано се менуваат.

Годинава доминантно е омбре руменилото кое прилично лесно се постигнува и му дава полнота на лицето.

Тоа е метод на шминкање кој ги истакнува вашите јаболчници и прави да изгледате свежо и одморено. Без разлика дали се работи за течни, камени или крем руменила, секој може да ја постигне посакуваната форма што ја диктира овој тренд.

Се што ви треба се две различни нијанси на руменило, а идеално би било да се крема или течни производи бидејќи и даваат подобар сјај на кожата. Секако, нема да погрешите ако користите и пудра за руменило.

Како да постигнете ефект на омбре руменило?

Започнувате така што на предниот дел на јаболчниците прво ќе нанесете линија на посветло руменило со розов подтон, а за делот до косата користете потемна боја.

Следува блендирање, но со нежно „тапкање“ со четка или блендер во правец на косата за да се постигне ефект на кревање.

Токму розовото руменило му дава свежина на лицето и ги „одзема“ годините, додека потемната нијанса е заслужна за стеснување на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma